arrow arrow

Реконструкција на источно-католичка црква „СВ. Богородица“ во Струмица, 2001-2005

Основниот предизвик на проектантот беше проектираниот објект да го одразува карактерот и видот на црквата и да асоцира како на католицизмот, така и на начинот на решавање на сакрални објекти во традиционалната македонска архитектура.

При проектирањето почитувана е фактичката состојба со тоа што дел од ѕидовите на постоечката црква се задржани во доволно добра состојба и се вклопени во новата конструкција.

Црвената тула од фасадата на црквата, која се вклопува со постоечкиот дом за пастори изграден на истата локација, фигурира и во ентериерот.