arrow arrow

Деловен објект „Класик“, 2002-2003

Објектот е лоциран покрај магистралниот пат Струмица - Штип. Теренот е рамен, со кота пониска за 2.0 м. од котата на патот.

Намената на објектот е изложбено-продажен салон со магацин за продажба на големо на сувенири и предмети за домаќинство. Дел од објектот е со функција на домување.

Објектот е проектиран со јасна организација и поделба на функциите.

Обликувањето произлегува од функцијата и локацијата на објектот. Имајќи предвид дека локацијата е пониска од магистралниот пат, високиот дел од објектот е ориентиран кон патот, што овозможува овој комерцијален објект да биде забележан.