arrow arrow

Зграда на Советот на општина Босилово, 2000-2003

Решението на проектот e определено од локацијата на објектот со ширина од 12.0 м, неопходноста објектот да биде споен со постоечки објект, при што требаше да се одговори на програмските барања на нвеститорот.

Архитектонски нагласениот влез е ориентиран кон главната улица, со овозможен спореден влез од задниот паркинг.

Во приземјето се сместени административни простории и сала за венчавки, додека на катот се наоѓаат простории наменети за управата со сала за состаноци на Советот на Општината.

Обликувањето произлегува од функционалното решение, при што се добива препознатлив објект, обликуван соодветно на неговата функција.