Објектот е лоциран во дворот на источно-католичката црква во Струмица.Основен проблем при проектирањето беше ускладувањето на објектот според специфичната проектна програма и неговото обликување на тој начин што недвосмислено ќе асоцира на неговата намена. При проектирањето направена е чиста поделба на функциите преку поделба на влезовите. Од внатрешниот двор има влез за сите функции поврзани со работата на црквата, додека кон улицата е ориентиран влез за станови за свештеници кои таму можат да живеат со семејства.
За да се обезбеди интимност на просториите во приземјето изведени се вертикални пиластри со кои се спречува директен поглед од улицата кон салата, а воедно се создава впечаток на затвореност во ентериерот, што асоцира на католицизмот.
Објектот е симетричен и оригинален од аспект на неговиот облик, со вметнати, современо третирани елементи на традиционалната архитектура. Вертикалните кружни столбови освен обликовна, имаат и функција на вертикални олуци.