За нас

ДПГИ “Вектор 90” дооел Струмица основана во 1990 година, е фирма која се занимава со проектирање објекти, надзор и урбанистичко планирање. Сопственик и управител на фирмата е Томе Тимов, дипл.инж.арх.

Во досегашното постоење, вработените во фирмата имаат работено различни проекти од областа на архитектурата и високоградбата, а за квалитетот на изведените работи сведочат признанијата и наградите за успешни проекти и реализирани објекти, добиени од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

  • 1995 – признание на БИМАС 95 за придонес во областа на архитектурата и негување на современата архитектонска форма.
  • 1997 – признание на БИМАС 97 за објект “Крстилница” во Струмица.
  • 2000 – признание на БИМАС 2000 за успешна реконструкција на сакрален објект.
  • 2002 – прва награда за проект на управната зграда на СО Босилово.
  • 2003 – Годишна награда на РМ за реализиран објект на управната зграда на СО Босилово.
  • 2004 – Гран при за реализиран објект на БИМАС 2004.
  • 2007 – Втора награда за идеен проект за доградба надградба и адаптација на Собрание на Република Македонија.

Основна дејност на фирмата е проектирање и надзор над изградбатa на градежни објекти. За одредени инвеститори и објекти Вектор 90 врши организирање и водење на целата инвестиција.

Фирмата располага со сопствени деловни простории во центарот на Струмица. Освен вработените, во вршење на работите, ангажира постојани надворешни соработници од различни области, кои имаат сопствени фирми, а покриваат поедини фази.